Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во рамки на SEESAC – Седми состанок на Регионалната работна група за подигнување на свеста за злоупотреба на мало и лесно оружје

Во рамки на SEESAC – Седми состанок на Регионалната работна група за подигнување на свеста за злоупотреба на мало и лесно оружје

Денеска и утре (26–27 ноември), во Јахорина, Босна и Херцеговина, се одржува седмиот состанок на Регионалната работна група за подигнување на свеста за злоупотреби на мало и лесно оружје, во рамки на Клириншката куќа за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC).

На настанот, делегации од сите земји-членки — вклучително и македонската — имаа можност да ги презентираат своите неодамнешни активности за јавна едукација и превенција, како и плановите за претстојниот период. Акцент беше ставен на конкретни предизвици, научени лекции и примери за добра пракса од изминатите 12 месеци.

Дел од областите и прашањата кои беа разгледувани се воведување на нови пристапи за подигнување на свеста и нивна понатамошна имплементација, влијанието на тие нови пристапи и конкретни примери за поддршка која им е потребна на јурисдикциите за да можат да спроведат активности за подигнување на свеста кои ги сметаат за неопходни во следниот период од една до две години.

Како партнери во имплементацијата, на состаноците присуствуваат и претставници на ОБСЕ и УНДП, со цел координирање на заедничките активности со националните делегации.

Министерството за внатрешни работи со свои претставници учествува во македонската делегација и активно придонесува кон дебатите и работните сесии, со споделување на искуства од домашните јавни кампањи, образовни активности и превентивни мерки за целосно искоренување на злоупотребата на малото и лесно оружје. Нашата цел е зајакнување на воспоставените механизми и активно учество во идните регионални иницијативи. Учеството на МВР на овој форум го покажува нашето цврсто заложување за безбедно и стабилно општество, како и за долгорочна соработка со сите партнери во регионалниот контекст.

Мени за пристапност