Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шест лица лишени од слобода, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Шест лица лишени од слобода, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 15.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Ц.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.05.2026 околу 14:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка, по што во дворот од семејната куќа го оштетил патничкото возило.

На 15.05.2026 во 05:40 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од Скопје пријави дека околу 00:50 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 32-годишна партнерка од Скопје, која употребила и тврд предмет. Додека, пак, 32-годишната жена пријави дека околу 00:50 часот во дом на нејзиниот 34-годишен партнер, по претходна расправија, физички ја нападнал, при што употребил тврд предмет.

На 14.05.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 11:00 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Г.В.(44) од Скопје.

На 14.05.2026 околу 21:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода З.Д.(58) од Виница, постапувајќи по претходна приајва дека агресивно се однесувал во домот и физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга.

На 14.05.2026 во 16:55 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.А.(36) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.20 часот се заканувал на неговата 34-годишна сопруга на нејзиното работно место, а откако си заминал и праќал пораки со заканувачка содржина на мобилна апликација.

На 15.05.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода В.П.(40) од Пехчево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00:50 часот во семејниот дом се заканувал на неговата 41-годишна сестра.

На 14.05.2026 околу 15:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.В.(39) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 во Кичево физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.

На 15.05.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода З.А.(51) од кавадаречко село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна вонбрачна партнерка од Кавадарци дека физички ја нападнал во нејзиниот дом.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност