Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пролетен планинарски марш на припадниците на Сектор за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата

Пролетен планинарски марш на припадниците на Сектор за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата

Денеска (14.05.2026) во насока на промовирање на здрави навики, јакнење на тимскиот дух и меѓусебните односи, припадниците на Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата учествуваа во планинарски марш, кој се одржа на подрачјето на општина Петровец, на релација од Манастирот „Света Петка и Света Недела“ во село Брезица, до месноста ,,Црн Врв".

Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, ментална стабилност и меѓусебна почит.

Продолжуваме да градиме  полиција која ќе ужива доверба и која ќе биде посилна и поефикасна во обезбедувањето на безбедноста на нашите граѓани.

Мени за пристапност