Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Секторот за сообраќајни работи при МВР учествуваше на настан за зголемување на безбедноста во сообраќајо

Секторот за сообраќајни работи при МВР учествуваше на настан за зголемување на безбедноста во сообраќајо

Денеска (07.04.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, учествуваше на настан во организација на "Порше клуб Македонија" заедно со АМСМ на тема „Drive Smart –

Drive Safe“ – нов стандард за безбедно групно возење.

 

Станува збор за едукативен настан кој поставува нови стандарди за безбедност и култура во сообраќајот при организирани автомобилски настани и правила на возење во група.

 

Настанот претставува значаен чекор кон подигнување на стандардите за организација

и реализација на автомобилски настани во земјата, особено во ситуации каде повеќе

возила учествуваат во организирано движење низ градски услови, но и услови на возење на автопат.

 

Во рамките на програмата, учесниците имаа можност да се запознаат со:

▪ основни и напредни правила за движење во колона,

▪ комуникација и координација помеѓу возачите,

▪ безбедносни протоколи при групно и парадно возење,

▪ препораки од институции и експерти за намалување на ризиците во сообраќајот.

 

Министерството за внатрешни работи,

дополнително ја нагласува важноста на институционалната поддршка во едукацијата и

подигнувањето на јавната свест за безбедноста на патиштата.

Мени за пристапност