Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Секторот за полициски работи при МВР заедно со Црвениот крст спроведоа обука за брз одговор при итни ситуации

Секторот за полициски работи при МВР заедно со Црвениот крст спроведоа обука за брз одговор при итни ситуации

Министерството за внатрешни работи реализираше обука во соработка со  Црвениот крст и Секторот за полициски работи од општа надлежност насочена кон унапредување на вештините на полициските службеници за укажување прва помош и перимедицинска поддршка.

Обуката имаше за цел да ги оспособи полициските службеници како прв одговор на местото на настан при незгоди и несреќи, со акцент на навремено и правилно реагирање, стабилизација на повредени лица и спасување човечки животи до пристигнување на медицински екипи.

Преку теоретски и практични вежби, учесниците стекнаа знаења и вештини за справување со различни итни ситуации, што придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните и поефикасно постапување на терен.

Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст и понатаму ќе продолжат со вакви активности, со цел континуирано јакнење на капацитетите на полициските службеници и унапредување на нивната подготвеност за справување со сите предизвици.

Мени за пристапност