Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Седум обиди за измами со лажни сообраќајки вчера во Свети Николе, граѓаните веднаш пријавија во полиција

Седум обиди за измами со лажни сообраќајки вчера во Свети Николе, граѓаните веднаш пријавија во полиција

Во текот на вчерашниот ден (05.09.2025) во Полициската станица Свети Николе седум граѓани пријавија дека непознати лица се обиделе да ги измамат, јавувајќи им се на фиксен или мобилен телефон и при тоа, претставувајќи се како полициски инспектори, им рекле дека член на семејството направил сообраќајна несреќа и дека треба да дадат пари (од 5000 до 50000 евра во зависност од случајот) за членот на семејството да не оди во затвор.

Но, граѓаните се посомневале во вистинитоста на кажаното, меѓу другото и затоа што веќе биле информирани за слични измами, па случаите ги пријавиле во полициска станица. СВР Штип презема мерки и активности за расчистување на случаите и пронаоѓање на измамниците.

Мени за пристапност