На 06.09.2025 во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ќ.Т.(57) од с.Канатларци, прилепско. Имено, врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во с. Канатларци, сопственост на Ќ.Т., при што пронајдени и одземени биле пиштол калибар 7.65 мм со четири куршуми, пиштол за звучна сигнализација и нож.
Лицето е приведено во Полициска станица Прилеп и по по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.