На 07.09.2025 во 12:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.М.(30) од с Здуње, гостиварско, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во куќата и помошните простории во с. Здуње и при тоа била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, на 07.09.2025 во 12:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Џ.(31) од с.Здуње, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории и при тоа биле пронајдени и одземени марихуана, грутка кафена материја, три паковки со бела прашкаста материја и поголема сума на пари. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.