Денеска (07.09.2025) полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран за гасење пожар во реонот на с. Русиново, беровско и исфрли 30 тони вода, а потоа беше упатен кон с. Раштак каде исфрли повеќе од 15 тони вода.
Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.