Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Седум лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, следуваат соодветни пријави

Седум лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, следуваат соодветни пријави

На 03.06.2026 во 14:35 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 75-годишен татко. 

На 02.06.2026 во 23:00 часот во прилепско село, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 49-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. 

На 03.06.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 40-годишна жена од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон. 

На 04.06.2026 во 00:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода В.В.(65) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот им се заканувал и физички ги нападнал неговата 53-годишна партнерка и нејзиниот 21-годишен син. В.В. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

На 03.06.2026 во 19:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.М.(49) од Велес, постапувајќи по пријава дека по претходна расправија физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител. 

На 03.06.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. 

На 03.06.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.З.(46) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност