Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Од утре продолжено работно време во Отсекот за управни работи Штип за регистрација на возила

Од утре продолжено работно време во Отсекот за управни работи Штип за регистрација на возила

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи – Отсек за управни работи Штип, од утре (04.06.2026) во областа на регистрација на возила, ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, како и дополнително во сабота од 08:00 до 12:00 часот.

Продолженото работно време се воведува со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да се овозможи поефикасна и навремена услуга во постапките за регистрација на возила.

Министерството за внатрешни работи и понатаму останува посветено на унапредување на услугите и подобрување на сервисот кон граѓаните.

Мени за пристапност