Од 17 до 23 ноември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, од страна на Министерството за внатрешни работи, а по повод Европската недела за спроведување на акциски контроли насочени кон товарните возила и автобуси кои учествуваат во сообраќајот на патиштата, беа вршени интензивни проверки на патиштата ширум државата.
Фокусот на акцијата беше насочен кон техничката исправност на возилата, управување под дејство на алкохол и проверка на документациите кои се однесуваат на возачите, возилата и товарот.
Во акцијата беа контролирани повеќе од 630 македонски и странски товарни моторни возила и 130 автобуси.
Во делот на товарни моторни возила беа утврдени 123 прекршоци и тоа 32 за пречекорување на брзината на движење, 18 прекршоци поврзани со документи на возач, 17 поврзани со документи на возило, 27 технички прекршоци, еден прекршок за возење под дејство на алкохол...
При контролата на ввтобусите беа констатирани 33 прекршоци.
Сообраќајната полиција и во наредниот период ќе продолжи со интензивни контроли во сообраќајот, со цел обезбедување на проточен и безбеден сообраќај за секој учесник во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.