Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Расчистени повеќе кражби во Делчево, лишени се од слобода тројцата сторители, следува соодветна пријава

Расчистени повеќе кражби во Делчево, лишени се од слобода тројцата сторители, следува соодветна пријава

По преземени мерки и активности, ОВР Делчево расчисти повеќе кражби извршени во маркети на подрачјето на Делчево. Постапувајќи по претходна пријава дека на 26.10.2026 околу 15:50 часот од маркет во Делчево, неколку лица одзеле разни производи, извршено е пребарување на теренот и по брзата реакција на полициските службеници, пронајдени се и лишени од слобода сторителите А.Б.(58), Б.Ш.(53) и А.А.(51), сите од Скопје. 
Додека, при извршен преглед на патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ш., биле пронајдени и одземени разни производи кои потекнуваат од извршени кражби во повеќе маркети во Делчево. 
По целосно документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Мени за пристапност