Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Расчистен случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“, ќе биде поднесен соодветен поднесок

Расчистен случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“, ќе биде поднесен соодветен поднесок

На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“. По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните  малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

Мени за пристапност