На 09.11.2025 во 02:10 часот на ул. „Ленинова" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо" со ресенско регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,78 промили алкохол во крвта.
На 09.11.2025 во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.М.(19) од с.Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф" со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта.
На 08.11.2025 во 20:02 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Б.(44) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет" со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Б. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта.
На 09.11.2025 во 02:13 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада" во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода З.Д. (44) од Република Србија. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „голф" кој го управувал З.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
На 08.11.2025 во 21:00 часот на регионалниот пат Берово-Виница, во атар на с.Будинарци, полициски службеници од ПС Берово го лишија од слобода М.П. (54) од с. Митрашинци, беровско. При вршење на увид на сообраќајна незгода во која М.П. учествувал со патничко возило „пежо“ со беровски регистерски ознаки, утврдено е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,83 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.