Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода две лица од дебарско, поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“

Лишени од слобода две лица од дебарско, поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26) од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против Е.В.(18) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.  Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило „ауди“, кое го управувал Е.В.  и се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде А.Л. физички ја нападнал, а оштетената паднала во бессознание, по што тој ја силувал.
Потоа, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга. Сторителите се пронајдени и лишени од слобода, по што против нив е поднесена кривична пријава.

Мени за пристапност