Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Раководството на СВР Скопје учествува на конференција на шефови на полиции од европските главни градови

Раководството на СВР Скопје учествува на конференција на шефови на полиции од европските главни градови

Раководството на СВР Скопје учествува на меѓународната конференција „Capital Policing Europe Conference – CPEC“, која се одржува во Хелсинки, Финска.

На дводневната конференција учествуваат шефови на полиции од европските главни градови, претставници на Европол, како и претставници на повеќе европски безбедносни институции.

Главни теми на овогодинешната конференција се борбата против нелегалната трговија со дрога и нарко-тероризмот, како и справувањето со сајбер-криминалот, кои претставуваат едни од најсериозните безбедносни предизвици на современото општество.

Во рамки на конференцијата се реализираат презентации и работни сесии посветени на актуелните состојби, искуствата и предизвиците со кои се соочуваат европските полиции, со посебен акцент на потребата од засилена меѓународна координација, размена на информации и заеднички пристап во справувањето со организираниот и транснационалниот криминал.

На затворањето на конференцијата, шефовите на полиции од европските главни градови ќе потпишат заедничка декларација за продлабочување на меѓународната полициска соработка и заедничко дејствување во борбата против транснационалниот криминал.

Мени за пристапност