Заедничка делегација на Центарот за обука на МВР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје која е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Србија оствари низа средби со своите колеги од српската Полициска академија и претставници од катедрата по психологија на Филозофскиот факултет во Белград.
Целта на овие средби е размена на искуства во делот на спроведување на електронски тест за интегритет за кандидати за полицаец во основна обука и средно полициско образование.
Се работи за современо софтверско решение на овој психолошки тест за интегритет, кој Центарот за обука како надлежна организациска единица во министерството за внатрешни работи ќе го имплементира во своето работење.