На 29.05.2025 во 10.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(34) од Штип. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип. При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.