Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во тетовско, пронајдено оружје и муниција, следува пријава

Претрес во тетовско, пронајдено оружје и муниција, следува пријава

 

На ден 16.10.2026 во Полициското одделение Групчин е пријавено семејно насилство, загрозување на сигурност и телесна повреда од страна на М.Д. (45) од тетовско село.

По добиена наредба од Основен суд Тетово, во времето од 21:30 до 22:30 часот извршен е претрес во домот на пријавениот, при што на скалите од влезната врата се пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои се одземени.

Исто така, сопругата на пријавениот истиот ден во 19:30 часот во СВР Тетово пријавила кривично дело телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од нејзиниот сопруг М.Д. По преземени мерки, М.Д. е лишен од слобода и задржан во СВР Тетово, а извештај е доставен до Основното јавно обвинителство Тетово со правна квалификација за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност