На 03.01.2026 околу 19:00 часот на влезот на Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица лишија од слобода 15-годишник од с.Тркање, кочанско и 16-годишник од с.Будинарци, беровско, со престој во Виница. Претходно, околу 18:40 часот била забележана група од шест мигранти кои се движат од Грција во Македонија, а откако навлегле на наша територија забележени се две возила кои се движет кон мигрантите, при што пет од нив влегуваат во возилото „фиат стило“ со делчевски регистарски ознаки. По преземени мерки возило е запрено на влезот на Гевгелија и констатирано е дека го управувал 15-годишникот, а 16-годишникот бил сопатник. Притоа, во возилото се пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници. Набргу, во близина местото пронајден и лишен од слобода е М.Ј.(22) од Египет, кој бил водач на групата.
Додека, по преземени мерки и активности, во 21:40 часот на улица „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронашле и сопреле и второто возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, по што, поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода се лишени 16-годишник со престој во Виница и Љ.П.(22) од Кочани, кое се превезувале во возилото.
Сите лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.