Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Штип, Струмица, Радовиш и Охрид затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Лишени од слобода возачи во Штип, Струмица, Радовиш и Охрид затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

На 05.01.2026 во 01:51  часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.З.(59) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 04.01.2026 во 04:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.Т.(27) од с.Добрејци, струмичко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 04.01.2026 во 01:45 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.Р.(56) од с.Нова Маала, општина Василево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 04.01.2026  во 14:28 часот во Струмица, полициски службеници го лишија од слобода С.Б.(27) од Италија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ренџ ровер“ со италијански национални ознаки со брзина од 124 километри на час во населено место каде што максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час. На 04.01.2026 во 13:13 часот на магистрален пат А-4, на паркинг-Дукатино, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода В.М.(43) од с.Дабиле, струмичко.  При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолкваген артеон“ со италијански национални ознаки со брзина од 168 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

На 04.01.2026 во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај с.Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од с.Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност