Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајдени пиротехнички средства во Куманово, лишени од слобода три лица, следуваат соодветни пријави

Пронајдени пиротехнички средства во Куманово, лишени од слобода три лица, следуваат соодветни пријави

На 30.12.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.А.(39), М.В.(21), двајцата од Куманово и Е.Џ.(28) од с.Лојане, општина Липково. При преглед на тезга кај Зелениот пазар на бул.„Трета македонска ударна бригада“, сопственост на А.А., пронајдени се и одземени над 420 парчиња разновидни пиротехнички средства. При контрола на возило „сеат леон“ на ул.„11 Октомври“, управувано од М.В., пронајдени се и одземени 32 парчиња разновидни пиротехнички срества. Додека, при преглед на возило „мазда“ на влезот на Куманово, управувано од Е.Џ., пронајдени  се и одземени 150 парчиња разновидни пиротехнички средства.  

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 396 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност