На 01.01.2026 во 04:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(29) од Велес. Претходно, на улица „Димитар Влахов“ во Велес, тој со патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во метална канделабра. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта.
На 01.01.2026 во 00:54 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(19) од с.Порој, тетовско. Претходно, на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во рабник, а при преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта. Подоцна, во Клиничка болница Тетово, тој физички нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.
На 01.01.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ѓ.(69) од Кочани затоа што управувал патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки на кружен тек во спротивен правец и продолжил да се движи во спротивната насока по ул. „Димитар Влахов“ во Кочани.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.