Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајдена дрога во Куманово, лишени од слобода две лица, следува пријава

Пронајдена дрога во Куманово,  лишени од слобода две лица, следува пријава

На 21.10.2026 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force" при СВР Куманово ги лишиле од слобода 36-годишната С.Б. и Р.А.(50), двајцата од Куманово.

Над двајцата бил извршен преглед, при што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност