Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола за безбедност на пешаците – констатирани 175 прекршоци

Акциска контрола за безбедност на пешаците – констатирани 175 прекршоци

На 20.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците, како и на прекршоците што ги прават возачите во однос на пешаците.

При спроведената контрола констатирани се 175 прекршоци. Најголем дел од прекршоците сторени од пешаци се однесуваат на непрописно преминување на коловозот, односно преминување на улица на небезбедно место, надвор од обележан пешачки премин. Кај возачите, најчесто констатирани прекршоци се непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Во текот на контролата констатирани се и 139 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до пешаците да ги користат обележаните пешачки премини и да ги почитуваат сообраќајните правила, а до возачите да ја намалат брзината при приближување кон пешачки премини, да бидат особено внимателни и задолжително да им дадат предност на пешаците, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Мени за пристапност