Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана. 

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија. 
Во врска со настанот, СВР Струмица изврши претреси на повеќе локации и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност