Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајдена автоматска пушка во скопско, лишени од слобода две лица

Пронајдена автоматска пушка во скопско, лишени од слобода две лица

На 26.10.2025 во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино. При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал Ќ.И., а Е.И. бил сопатник, пронајдена е автоматска пушка и една рамка за пушката.

Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Мени за пристапност