На 25.10.2025 во 11:05 часот во селото Требеништа, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.М.(46) од истото село. Тој, управувајќи патничко возило „југо“ без регистарски ознаки, удрил во возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, паркирано пред продажен објект во селото Требеништа, сопственост на В.М.(54) од охридското село Долно Коњско. По извршеното алкотестирање, полициските службеници кај И.М. констатирале 2,64 промили алкохол во крвта.
На 25.10.2025 во 21:30 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал Б.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.36 промили алкохол во крвта.
На 26.10.2025 во 00:03 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.Ј.(33) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал М.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.92 промили алкохол во крвта.
На 26.10.2025 во 03:00 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.Т.(38) од Охрид. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека М.Т. управувал патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
На 26.10.2025 во 01:15 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(50) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.60 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик.