Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајден кокаин во тетовско, лишени од слобода две лица од Брвеница

Пронајден кокаин во тетовско, лишени од слобода две лица од Брвеница

На 04.09.2025 во 02:05 часот кај клучка Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиja од слобода И.С.(23) и Н.С.(28), двајцата од Брвеница. При преглед на патничко возило „бмв" со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал И.С., а сопатник бил Н.С., пронајдени се околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Мени за пристапност