Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација на непостоечка меѓународна полициска организација 

Лишен од слобода косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација на непостоечка меѓународна полициска организација 

 

На 02.101.2025 во 14:45 часот на Граничен премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода З.К.(54) од Косово. При гранични проверки и контрола, тој изјавил дека не ја носи возачката дозвола и се легитимирал со полициска легитимација на меѓубнародна полициска организација за која по извршени проверки е констатирано дека не постои, односно дека легитимацијата е фалсификувана. 
Лицето е задржано во полициска станица, со него е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност