Денеска 14.10.2025, заменикот министер за внатрешни работи, д-р Астрит Исени, учествуваше на 22. Регионален состанок на Мрежата на експерти за огнено оружје од Југоисточна Европа - SEEFEN во организација на Клириншката куќа за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа SEESAC.
Во своето воведно обраќање, заменикот министер за внатрешни работи Исени се осврна на Патоказот за одржливо решение за Западен Балкан 2025–2030 година, нагласувајќи го како стратешки документ од особена важност за унапредување на регионалната безбедност и усогласување со европските стандарди. Во оваа насока, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија активно презема мерки за исполнување на поставените цели, пред сè преку континуирана дигитализација на административните процеси и модернизација на системите за контрола и надзор. Изминатиот период, Министерството започна со воведување електронско поднесување на барања за издавање одобренија за оружје и дигитално управување со постапките, што придонесе за зголемена транспарентност, стандардизација и ефикасност на процедурите.
Како пример за успешна примена на нови технологии, заменик министерот д-р Астрит Исени, ја посочи употребата на дронови, како дел од техничката поддршка обезбедена преку SEESAC, кои значително придонесуваат за поефикасна гранична контрола, но и побрзо и поточно делување на терен, особено при откривање и спречување на нелегална трговија со оружје.