Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанев од СВР Куманово: Полицијата мора да биде гарант на редот, правдата и сигурноста

Јанев од СВР Куманово: Полицијата мора да биде гарант на редот, правдата и сигурноста

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денес оствари работна посета на СВР Куманово, при што фокусот беше ставен на тековната безбедносна состојба, активностите на полицијата во врска со неодамнешниот случај на пукање, односно обидот за убиство во Куманово, како и севкупното работење на полициските структури во овој чувствителен предизборен период и на самиот ден на изборите.

Јанев нагласи дека полицијата е еден од клучните столбови на државата и институција која мора да гарантира дека највисокиот демократски чин – правото на глас – ќе се оствари слободно, мирно и безбедно.

„Јасно и гласно ја пренесов пораката: нема и нема да има толеранција за насилство, поткуп, незаконски влијанија или какви било други криминални дејствија, без разлика дали доаѓаат од поединци, групи или припадници на институциите,“ истакна директорот Јанев.

Тој подвлече дека полицијата е служба што го спроведува законот, а не лична волја, и дека нејзината обврска е да биде гарант на редот, правдата и сигурноста.

„Секој полициски службеник и секој вработен во Министерството мора да постапува исклучиво по закон, со чест и интегритет. Секое постапување надвор од тоа, секое самоволие или ‘работење по свој пат’ ќе биде санкционирано – без исклучоци и без изговори,“ порача Јанев.

Тој додаде дека државата мора да биде посилна од секој поединец што ќе се обиде да го поткопа правниот поредок, нагласувајќи дека мисијата на полицијата е да ѝ служи на државата и на граѓаните, а не на лични интереси.

 

 

Мени за пристапност