Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

На 02.11.2025 околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода  М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Претходно, полициските службеници забележале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки,  кое го управувал С.У., како се движат во близина на граничната линија со Република Грција. Исто така,  забележано  е и едно лице мигрант, кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во возилото „бмв“.


По преземени мерки возилата се сопрени и лицата с елижени од слобода, додека мигрантот е спроведен во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. 
 По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност