Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Делчево, управувал возило со брзина повеќе од двојно поголема од дозволената

Лишен од слобода возач во Делчево, управувал возило со брзина повеќе од двојно поголема од дозволената

На 01.11.2025 во 13:04 часот на регионален пат Делчево - Берово, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.С.(35) од с.Брњарци, скопско. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е ограничена на 40 километри на час. 


По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност