Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Скопје, кој откако удрил пешак го напуштил местото

Лишен од слобода возач во Скопје, кој откако удрил пешак го напуштил местото

На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот.

 Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А.. Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот,  ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност