Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Мени за пристапност