На 17.09.2025 во 18:30 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава по чл.297-а - ,,безобѕирно управување на моторно возило”.