Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведен возач од липковско, управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач од липковско, управувал возило под дејство на алкохол

 

На 04.09.2025 во 21.50 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(47) од село Слупчане, липковско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „нисан“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.59 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност