Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец во Радовиш, пронајдени предмети кои ги украл и ќе бидат вратени на сопственикот

Лишен од слобода крадец во Радовиш, пронајдени предмети кои ги украл и ќе бидат вратени на сопственикот

На 05.09.2025 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А. (26) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 05.09.2025 на подрачје на Радовиш извршил една тешка кражба и две кражби.

Кај него биле пронајдени предмети кои ги одзел при извршување на кривичните дела и ќе бидат вратени на сопственикот. А.А. е задржан во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност