Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведен штипјанец за издржување затворска казна, при приведувањето во неговиот дом е пронајдена дрога

Приведен штипјанец за издржување затворска казна, при приведувањето во неговиот дом е пронајдена дрога

На 05.10.2025 во 07:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.М.(34) од Штип. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна и во наведеното време полициските службеници отишле пред неговиот дом, а откако татко му ја отворил вратата го забележале дека фрлил тегла од терасата, по што се обидел да побегне.   Набргу бил фатен и лишен од слобода и притоа на маса во станот се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Додека, пред зградата се пронајдени неколку помали пакувања марихуана и белагрутчеста материја. 
Лицето е приведено во полициска станица и по извршениот службен разговор е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на затворската казна. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мени за пристапност