На 05.10.2025 во 02:35 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.М.(41) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал П.М. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,04 промили алкохол во крвта.
На 05.10.2025 во 02:40 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(31) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Б. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,43 промили алкохол во крвта.
На 05.10.2025 во 01:35 часот, кај месноста „Штрафара“, во близина на магистралниот пат Кичево- Гостивар, лишен од слобода е М.Ј.Г.(28) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки што тој го управувал и притоа, кај него констатирале 1,86 промили алкохол во крвта.
Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.