Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанев во посета на полициските одделенија во Зајас, Осломеј и Кичево: Секој полициски службеник носи одговорност за довербата на граѓаните

Јанев во посета на полициските одделенија во Зајас, Осломеј и Кичево: Секој полициски службеник носи одговорност за довербата на граѓаните

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, денеска оствари работна посета на полициските одделенија во Зајас и Осломеј, како и на Полициската станица во Кичево, при што се сретна и со полициските службеници кои секојдневно ја извршуваат својата работа на улица и на терен.

Фокусот на посетата беше улогата на полицијата во предизборниот период и на самиот изборен ден, како и принципите на работа и однесување на полициските службеници, не само во овој чувствителен период, туку и во секојдневното работење. Во рамки на средбите се разговараше и за состојбите, предизвиците и можностите со кои се соочуваат полициските службеници, како и за идната реорганизација на Министерството и Бирото за јавна безбедност.

Директорот Јанев нагласи дека нема место за насилство, криминал, како и неетичко или непрофесионално постапување. „Полицијата е една од најважните алки на системот – институција која мора одговорно да ја гарантира безбедноста, да го спроведува законот и да обезбеди секој граѓанин слободно да го оствари своето демократско право на избор. Сето тоа зависи од секој поединец, од секој полициски службеник, од сите чинители,“ истакна Јанев.

Воедно, до полициските службеници од регионот беше упатена јасна порака дека полицијата не е тука за да владее, туку за да им служи на граѓаните. 

Мени за пристапност