Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведен мотоциклист од Куманово, управувал мотоцикл под дејство на алкохол

Приведен мотоциклист од Куманово, управувал мотоцикл под дејство на алкохол

На 12.09.2025 во 01:00 часот на булевар  „Октомвриска  револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(34) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во крвта. 
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност