На 10.09.2025 во 16:35 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.И.(41) од Охрид, кој е баран врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој е спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.