Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претреси во Берово, расветлени повеќе кривични дела, лишени од слобода две лица

Претреси во Берово, расветлени повеќе кривични дела, лишени од слобода две лица

ОВР Берово поднесе кривични пријави против Ј.М.(50) и Б.М.(45), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела. Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Берово на 25.11.2026, со судска наредба, извршија претреси на три локации во домовите и други простории кај пријавените. Притоа, пронајдени се и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во висина од околу 8.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето. 


При претресите е откриен случај на „фалсификување пари“, односно пронајдени се 26 фалсификувани банкноти од по 50 евра со ист сериски број.  Додека, при преземње мерки, расчистен е и случај на „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, во кој со две туѓи банкарски картички од банкомати лицата подигнале вкупно 50.000 денари.

Мени за пристапност