На 25.11.2026 во периодот од 10:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец ноември, ги приведоа Х.Ф(22), М.С.(22), С.Т.(25), Т.Ј.Е.(23), С.Б.С.(25) и М.Ч.(22) сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.