Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претреси кај две лица во Куманово поради основи на сомнение за неовластено снимање на зградата на СВР Куманово, пронајдени 15 дронови, куршуми, следуваат поднесоци

Претреси кај две лица во Куманово поради основи на сомнение за неовластено снимање на зградата на СВР Куманово, пронајдени 15 дронови, куршуми, следуваат поднесоци

Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите. Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови.

Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност