Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

На 04.09.2025 во 13:30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена зелена растителна материја.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност