Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 29.10.2026 во 20:15 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода С.С.(49) од Велес. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети. 
С.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Мени за пристапност